Беса: Тоа што го изјави Иванов не е надлежност на претседателот на државата

187
BESA

Движењето Беса во изјава за А1он реагира на говорот на претседателот Ѓорге Иванов кој во своето обраќање кажа дека нема да дозволи бинационална држава и двојазичност на целата територија на Македонија.

„Македонија мора да пристапи кон редефинирање на политичкиот систем, на меѓуетничките односи и на севкупниот државен систем, каде што и албанскиот јазик ќе биде официјален на целата територија на Македонија. Тоа што го има изјавено Иванов не е во надлежност на Претседателот на државата“, рече Фатон Фазлиу, шеф на кабинетот на Претседателот на БЕСА.

Иванов во својот говор се повика на својата функција командант на вооружените сили дека ќе го прави она за што положил заклетва и дека ќе го брани суверниетот и територијалниот интегритет.