10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Путин по средбата со Ердоган: Многу ми е драго што нашите војски соработуваат ефикасно и заеднички

Денеска се оддржа средба меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на која разговараа за состојбата во Сирија, земја во која и двете држави водат воена акција.

„Многу ми е драго да кажам, а малку кој ќе очекува, нашите војски да соработуваат ефикасно и заеднички“, изјави рускиот претседател.

На средбата се разгледуваше и прашањето за дополнително решение со кое ќе се избегнат инциденти и ќе се обезбеди доверба меѓу сириските сили, кои ги поддржува Турција, курдските сили кои ги поддржува САД, и силите на сириската Влада кои ги поддржува Русија на патот до Рака, де факто престолнината на Исламската држава.

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави