3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Нема да има воведување двојазични банкноти и униформи: „За заедничка Македонија“ не му верува на Заев!

Еден од основачите на граѓанската организација „за заедничка Македонија“ на денешниот протестен марш рече дека е неприфатливо што лидерот на најголемата  опозициска партија Зоран Заев и понатаму ја промовира платформата на албанските политички партии односно како што вели тој „Тиранската“ платформа во која се бара воведување двојазичност, промена на име, знаме, химна и грб, но и воведување двојазични банкноти и униформи на армијата на Република Македонија.

Иако лидерот на СДСМ, на денешната прес-конференција упати порака особено до граѓаните кои протестираат да останат смирени и да си отидат во своите домови, поради тоа што унитарноста и суверинитетот на државата не се загрозени, граѓаните денеска во 17 часот повторно излегоа на протести.

На денешната прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека е лага дека ќе има казни за граѓаните кои не го зборуваат – разбираат албанскиот јазик, нема да има двојазични банкноти, ниту пак двојазични униформи.

И покрај тоа, организаторите на „за заедничка Македонија“ од денешниот протестен марш испратија порака дека нема да помине ниту еден обид за измама на македонските граѓани.

„Да градиме мултиетничка, а не бинационална држава“, категоричен е Илиевски.

Тие од пред Собранието на Република Македонија рекоа дека нема да подлегнат на никаква манипулација и ги повторија нивните барања за како што велат, јасно и недвосмислено отфрлање на платформата која е направена во Тирана.

поврзани објави

Последни објави