7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

МБП: Бугарско државјанство по скратена постапка за секој што е со бугарско потекло

Македонско – Бугарско пријателство преку соопштение ја изразуваат нивната позиција за процесот на добивање на бугарско државјанство на кандидатите од Република Македонија.

Во продолжение интегрално соопштението на МБП.

Здружението Македонско-Бугарско пријателство-МБП со особено внимание и вознемиреност го следи процесот во кој одредени претставници на институции, новинари и медиуми, но и други лоби групи се обидуваат да го проблематизираат процесот на добивање бугарско државјанство на кандидатите од Република Македонија.
Како официјално призната организација на бугарите во Македонија од страна на надлежните државни институции на Република Бугарија,  должни сме да ја изразиме нашата позиција во врска со овој вештачки проблем според нас.

Согласно Уставот на Република Бугарија, но и согласно постојната законска норматива, бугарите кои живеат во странство по олеснета процедура имаат право да добијат државјанство. Законот им дава неколку можности на кандидатите да го докажат својот произхот т.е. бугарско потекло. Институцијата која ја има надлежноста согласно законската регулатива, да определи дали лицето-кандидат има  бугарско потекло или не, е Државната агенција за бугарите во странство-ДАБЧ.

Изненадени сме од фактот и обидот на други институции или поединци да се обидуваат да ја одземат или пак да ја негираат надлежноста и  компетентноста на ДАБЧ.
Укажуваме дека таквите постапки го уриваат престижот и авторитетот на институциите, но и на самата држава. Веруваме дека ваквите намери и обиди се недобронамерни и би можеле да предизвикаат сериозни последици.

Кога говориме за законската регулатива  и Уставот, сакаме да бидеме јасни и децидни –   ние  сме  против тоа кандидати кои не одговараат на законски пропишаните услови да добиваат државјанство. Оние кои имаат криминално минато, или на друг нелегален начин се обидуваат  да ја изиграат законски регулираната постапка, нанесуваат штета и на останите баратели и на Република Бугарија и тука две мислења по ова прашање нема.

За да бидеме разбрани правилно, секој кој не одговара на законските барања не треба да добие државјанство. Ако некое службено лице или институција дозволиле такво лице да добие државјанство, освен тоа што треба да му се одземе државјанството на лицето, ние бараме и институциите и службените лица да понесат одговорност. Но да се стопираат постапки на кандидати кои одговараат на законските барања ни личи на нешто друго.

Денешната ситуација во Македонија е исклучително нестабилна. Многу фактори го дестабилизираат и тресат нашето општество. Единствениот зрак на светлина и стабилност за нас доаѓа од официална Софија.
Овие потези за урнисување на процесите со кои се возобновуваат односите и врската помеѓу обичниот граѓанин на Македонија со бугарско потекло и официална Софија одат во интерес на истите тие фактори кои ја тресат Македонија.

Апелираме до институциите на Република Бугарија да не се вклучуваат во оваа опасна игра затоа што тоа не е од интерес ниту на Македонија ниту на Бугарија. Нашето минато е сврзано, но и нашата иднина е, и ќе биде заедничка во евро-атланското семејство. Издавањето на бугарски државјанства на граѓани на Македонија со бугарски произход е заеднички интерес на Македонија и Бугарија. И не само тоа, од таквите постапки најмногу ќе настрадаат обичните луѓе.

Повеќе од 26 години, тие истите луѓе се жртви на сите процеси, не им го нанесувајте и овој удар. Иднината на истите тие и на нивните деца е сврзана со добивањето на бугарско државјанство. Ако вие недобронамерници се вклучите во оваа игра за нас и нашите членови вие сте национални предавници, луѓе кои ги продале интересите и на Бугарија и на Македонија, но и интересите на обичниот граѓанин во Македонија.

Македонија и Бугарија, засекогаш заедно!“

поврзани објави

Последни објави