23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Нападнат новинар на ТВ 24 во текот на вчерашниот протестен марш на „за заедничка Македонија“

Новинарот на телевизијата 24 Христијан Баневски бил прво вербално нападнат, а потоа удрен со дршка од знаме по тилот на главата за време на вчерашниот протест на „за заедничка Македонија“ потврдија во текот на синоќешната вечер од ТВ 24.

„Екипата на Телевизија 24 вечерва повторно беше нападната од страна на демонстрантите на маршот „За заедничка Македонија“. Колегата Христијан Баневски првично бил вербално нападнат, на што од организаторите било кажано дека е ненамерно, особено при обидот за физички напад, за потоа, откако снимал инсерти да биде удрен со стап од знаме по тилот од главата, по што од страна на организаторот му било кажано дека човекот што го веел знамето, не знаел како се вее!“, објави новинарот на ТВ 24 Огнен Јанески на Фејсбук.

поврзани објави

Последни објави