13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Лино Червар: Единствено самостојноста е оружје за опстанок во овој глобален свет.

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Лино Червар во изјава за Курир.мк вели дека колку и да е мала  држава Македонија, по прашањето на гордоста, достоинството и државноста мораме да бидеме на ниво на земјите од Европската унија.

„Македонија е мала држава и мора да се држи до заедништвото на сите нејзини граѓани. Единствено самостојноста е оружје за опстанок во овој глобален свет. Разединетоста и поларизацијата на граѓаните на Македонија е закана за опстанокот на државата. Ние сме должни да се избориме за слобода поради идинината на нашите деца. Ма колку и да е мала државата, по прашањето на гордоста, достоинството и државноста ние мораме да бидеме на ниво на земјите од Европската унија“, вели Червар.

поврзани објави

Последни објави