13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

СДСМ: Осомничените соработници на ВМРО-ДПМНЕ бегаат бидејќи знаат дека е готово

СДСМ преку соопштение вели дека осомничените соработници на ВМРО-ДПМНЕ бегаат бидејќи знаат дека е готово.

„Осомничените соработници на ВМРО-ДПМНЕ бегаат бидејќи знаат дека е готово.

Бегството на Сеат Кочан, бизнис партнерот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, за што се информира во јавноста, покажува дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници не ги интересираат ни граѓаните ни државата, само како да се спасат од одговорноста за 10-годишните криминали.

Но граѓаните гласаа за промени и правда и затоа е неопходно што побрзо да се формира новата реформска Влада, која ќе ги заштити интересите на граѓаните и на државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави