Серијата од порази на Голден Стејт Вориорс продолжува, откако синоќа беа прегазени од Сан Антонио со 107-85. Иако двете екипи играа без клучните играчи Сан Антонио настапи без триото Паркер, Олдриџ и Ленард, додека пак Вориорс без Кари, Игудала и Томпсон, сепак „Мамузите“ стигнаа до убедлива победа предводени од Пети Милс со 21 поен.
Расел Вестбрук како и по обичај забележа но „трипл-дабл“, овојпат во победата на неговата Оклахома против Јута со 112-104, тој имаше бројки од 33 поени, 14 асистенции и 11 скока. Сега е на девет „трипл-дабал“ учинока до големиот Оскар Робертсон.
Во другите натпревари Њу Орлеанс по продолжение го совлада Шарлот со 125-122, Кливленд- Орландо 116-104, Милвоки-Минесота 102-95, Далас-Феникс 98-100, Мемфис- Атланта 90-107 и Сакраменто-Денвер 92-105.