Двајца возрасни мигранти и едно дете загинаа во несреќа во Србија, објави Ројтерс. Уште 11 лица се повредени, меѓу нив се и 5 деца. Тројцата загинати се од Авганистан.
Автомобилот во кој биле собрани мигрантите, се свртел од патот и се удрил во ограда. Возачот избегал од местото на инцидентот. Повредените мигранти се сместени во болница во Ниш.
Двајца мигранти загинале на самото место, а детето – во болница. Жена е со два ампутирани нозе.
Според еден од повредените, возачот не сопрел за проверка, а потоа ја зголемил брзината на автопат, додека зборувал по телефон.
Движењето по автопатот поради инцидентот бил запрен за час и половина.