17.8 C
Skopje
Tuesday, November 5, 2024

35 руски разознавачи ќе бидат протерани од САД

Американски официјални лица соопштија дека САД ќе протераат 35 руски разознавачи од државата, во рок од 72 часа, и воведуваат санкции против двете водечки разознавачки служби на Русија.

Администрацијата на Обама е подготвена да и` возврати на Русија со санкции, како одговор на наводната руска вмешаност и хакирање на претседателските избори во ноември.

Вашингтон пост објави дека Белата куќа дискутирала како брзо да ја казни Русија, користејќи ја извршната наредба, потпишана од претседателот Барак Обама минатата година.

Наредбата му дозволува на претседателот да наметне санкции против хакери во странство, кои не се на дофат на на законот.

Наредбата конкретно предвидува да се казнат оние кои се закана за националната безбедност, инфраструктра или за американската економија.

Со неа и` се дозволува на владата да го замрзне капиталот на лица во американски банки, како и во други финансиски институции. Исто така ги спречува Американците да работат со такви лица. Владата може да забрани и издавање виза на такво лице.

Но, Вашингтон пост известува дека извршната наредба не може да се искористи како таква, оти не опфаќа кибернетски напади насочени кон изборен систем.

Весникот објавува дека Белата куќа работи на наоѓање начин да се искористи наредбата против Русите, на тој начин што изборниот систем ќе се вметне како дел од националната критична инфраструктура, или пак ќе се промени наредбата со додавање нова закана.

Администрацијата на Обама би сакала санкциите да стапат во сила пред претседателот да замине од функција, за нешто помалку од три недели.

Руското министерство за надворешни работи ги осуди овие санкции.

Искрено, веќе сме уморни од лагите за „руски хакери“, кои продолжуваат да доаѓаат од американскиот врв – изјави портпаролот Мариа Захарова.

Дури и успешно да се спроведат овие санкции, останува нејасно дали ќе бидат поддржани од админстрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, по 20-ти јануари следната година.

Директорот за комуникации на Доналд Трамп Шон Спајсер побара доказ дека Русија е вмешана во изборите.

Ако САД имаат јасни докази дека некој се мешал во нашите избори, мора тоа да го обелодениме – рече Спајсер.

поврзани објави

Последни објави