13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Чудо од човек: Преживеал пад од 47-ми спрат, а денес без проблем оди, од неодамна доби дете

Само половина од луѓето кој паднале од трети спрат преживуваат. Пад од десетти спрат не преживува никој. Но пред околу десет години перачот на прозори Алисидес Морено паднал од 47-ми спрат и преживеал, пишува BBC.

„Сакав да ги видам прозорите секогаш чисти. Го сакав сапунот и водата, го сакав чуството кога го стиснеш сунѓерот“, ја започна својата исповест Морено.

Неговиот живот драстично се променил едно утро на 7-ми декември 2007 година кога заедно со неговиот помлад брат Едгард отишле да перат прозори на 47-ми спрат во луксузната зграда Солоу Тауер во њујуоршкиот Менхетен.

При многу ниска температура тие двајца се качиле на 5 метри широко скеле за перење на прозори кога кабловите кој го држеле скелето попуштиле.

„ Кабелот на левата страна најпрво се одвои. Брат ми беше на тој дел од скелето, тој падна до самото тло“, вели Морено.

Едгар паднал од 144 метри, со брзина од 200 километри на час, паднал на дрвена ограда која го преполовила неговото тело а тој починал на лице место.

 

Наскоро попуштило јажето и на страната на Алисдес, па и тој почнал да паѓа. За разлика од неговиот брат, пожарникарите него го нашле искривен метал на првите спратови како ја држи опремата за контрола на скелето. Уште дишел, а пожарникарите велеле дека тој дури се обидувал и да стане. Потоа се присетиле како внимателно го мрдале  „како јајце“, свесни дека еден погрешен чекор може да го усмрти.

Алсидес Морено после страшната несреќа бил пренесен е во најблиската болница и ставен во индуцирана кома. Претрпел тешки повреди на мозокот, карлицата, градниот кош, абдоменот, скришил ребра, десната рака и двете нози. Минал низ многу операции а примил повеќе од 10 литри крв.

„ Ова беше апсолутно медицинско чудо“, рекол тогаш докторот Херберт Пардс шеф на болницата во која Алсидес го опрерирале и лекувале.

Три недели по несреќата во која умрел неговиот брат, Алсидес се разбудил од кома на самиот Божиќ 2007 година, а покрај неговиот кревет била неговата жена Розарио.

„ Мојот ум беше целиот во магла. Не се сеќавав на падот. Но сватив дека Едгар умре кога погледнав околу себе и ја видов само мојата жена“, вели Алсидес

Истрагата утврдила дека опремата за скелето не била прописно одржувана ида новите моторизани каблови кој го спојувале склето со зградата не биле исправно прицврстени за кровот.

Како преживеал ни ден денеска не е јасно. Дали опремата за скелето го превземала најголемиот дел од ударот или го успорила во падот? Дали тој самиот се одбил од зградата и така го успорил падот? За тоа може само да се шпекулира. Животот за Алсидес во тој момент се променил неповратно, но не завршил.

Алсидес тешко ја прифатил смрта на својот брат.

„ Тоа беше страшно за мене. Едгар живееше со мене во Њу Џерси, делевме многу работи. Работеше со мене и умре работејќи со мене. Мислам дека после падот тагував три години. После тоа се опоравив и ја прифатив неговата смрт. Тоа за мене беше како да изгубив дете бидејќи беше помлад од мене“ ,низ солзи кажува Алсидес.

Тој добил голема количина на пари како компенцазија за тешкиот пад и повреди и после тоа со семејството се преселил во Феникс во сојузната држава Аризона. Вели дека тамошната клима добро му годи.

„ Имам голем број белези по телото, а поради повредата на грбот неможам да трчам, туку само да одам. Не сум истиот како од пред несреќата. Но фала на Бог што можам да одам, тоа е неверојатно“ , задоволувачки вели Алсидас.

Денес 46-годишниот Алсидес Морено вели дека би чистел прозори да може, но не би поради здраствени проблеми.

„ Постојат работи кој не ги вршам добро. Некогаш не ја довршам мислата или прашањето. Но птоа сваќам колку се ми битни жената и децата“.

Минатата година станал татко по четврти пат:

„ Секогаш се прашувам зошто преживеав. Го имам ова дете- можеби ова дете е причината да го одгледам и да му ја раскажам својата историја“, заклчува Алсидес Морено.

 

 

 

 

 

 

поврзани објави

Последни објави