Обединети граѓани од цела држава, верници од нашата држава, но и од Бугарија и Грција во еден глас се молеа за мир и спокој и се радуваа на подарокот од светогорскиот манастир Дохијар и од игуменот Григорид за струмичката епархија, иконата Богородица Брзопомошница.
Свештенството и монаштвото придружувани од илјадници верници денеска се собраа на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица каде ја дочекаа иконата и каде се читаше акатистот.
„Бог кој е љубов не поучил дека треба да имаме љубов, но не само Бога туку и меѓу себе. Според таа љубов ќе ве познаам дека сте мои следбеници. Овој денешен чин на братството од манастирот Дохијар од Света Гора, која ја подаруваа оваа прекрасна копија на чудотворната икона на Пресвета Богородица Скоропослушница, ја потврдува токму таа Христова љубов. Потврдува дека сме христови следбеници и негови проповедници во овој возмутен и вобуркан свет. Образот на мајката Божја нека ни послужи за утеха и надеж, нека ни послужи за надминување на сите препреки во манифестирањето на Христовата љубов и сите кои и се ображаат со молитва да најдат сила и поткрепа за да ги надминат сите искушенија, дилеми и проблеми“, рече владиката Тимотеј.
Во името на монашката обител од манастирот Дохијар се обрати отец Филотеј.
„Денес по 2.000 години Богородица, Госпоѓата наша дојде од Света Гора и дојде во ридскиот град во Струмица и влезе во храмот на светите 15 свештеномаченици. Не ја поздрави Елисавета, туку мачениците се мајка, татко, брат, бртатучеди на самиот Господ, тогаш Елисавета, а денес мачениците го слушнаа поздравот и од радост заиграа. Гласот на мечениците сте всушност вие кои ја примате нивната благодат и се радувате. Го изразувате чудењето на Елисавета кон чудењето на нашата госпоѓа Богородица која тогаш отишла кај Елисавета и и открила дека е трудна и ќе роди“, рече отец Филотеј.
Инаку, настанот е проследен од огромен број на православни верници кои велат дека вербата во Бога не одржува на нозе.