Н.Ј.(51) од Тетово е тешко повреден откако возилото со кое управувал, се превртело, соопшти СВР. Несреќата се случила денеска во 13 часот и 10 минути на регионалниот пат Јажинце – Тетово во месноста Беловишка кривина.
Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, Н.Ј. од засега неутврдени причини загубил контрола врз возилото Фолксваген Поло, по што тоа излетало од коловозот, неколу пати се превртело и застанало странично.
Од автомобилот паднале термо-печка и други предмети што возачот ги превезувал, а го нагмечиле по главата и телото поради што морала да интервенира и екипа на противпожарната единица од Тетово која со сечење на возилото го извадила надвор.
Поради сериозноста на повредите, Н.Ј. е префрлен на скопските клиники.
Увид на местото на несреќата изврши екипа од СВР Тетово. Се работи на целосно расчистување на случајот. Материјалната штета се проценува на околу 80.000 денари.