Аналниот секс за многумина и понатаму е табу тема. Не се осмелуваат сите девојки да го испробаат претежно поради предрасудите кои ги имаат за него. Две девојки одговораат на сите прашања кои не` интересираат, а ни било срам или сме немале кого да прашаме.
Она што сите сакаме да го знаеме – Дали боли?
Девојка А: Мене ме болеше. Првиот пат имав чувство дека во тој дел од телото не треба да се прави ништо слично. Меѓутоа, научив дека е најважно да се опуштиме и да држиме бавно темпо. Читав дека „анално дилдо“ за време на предиграта може да помогне, но јас уште го немам испробано.
Девојка Б: Хахха, секако дека боли. Ако не боли, никој не би го поставувал тоа прашање.
Зошто тогаш го практикувате?
Девојка А: Јас се одлучив за тоа бидејќи имав слушнато аналниот секс може да биде многу пријатно искуство и дека може да доведе дури до оргазам. Покрај тоа, претставува и табу, а мене ме привлекуваат такви работи. Па си реков „зошто да не“?.
Девојка Б: Обично тоа го правам кога сум пијана или кога се обидувам да го импресионирам среќникот кој е во игра.
Кој го сакал повеќе, вие или партнерот?
Девојка А: Јас. Со оглед на тоа што многу девојки го сакаат. Момчето со кое сум во врска не е некој вљубеник во аналниот секс. Веројатно затоа сум го имала само три пати.
Девојка Б: Тој! Кога ќе се случи, обично е зошто јас попуштам. Се` зависи од тоа колку ми се допаѓа момчето. Освен тоа, после аналниот секс, се чувствувам како да ми должи нешто.
Каков ви беше првиот пат?
Девојка А: Чудно е. Делува многу тесно и непријатно. По малку како грч. Меѓутоа, така беше само првиот пат. Следниот пат е многу подобро.
Девојка Б: На почетокот, многу непријатно. Сепак, пенис ви влегува во анусот, мора да биде непријатно.
Какво е чувството после некое време?
Девојка А: Се чувствувате исполнето, буквално! И чувството е многу интензивно.
Девојка Б: Се навикнувате со тек на време. И станува пријатно. Веројатно исто и како со вагиналниот секс.
Дали станува некогаш пријатно?
Девојка А: Јас познавам девојки кои буквално го обожуваат. Сепак, аналниот секс дефинитивно е работа која морате да ја пробате повеќе пати за да сфатите дали ви одговара.
Девојка Б: Никогаш не станува супер, барем не за мене. Со тек на време станува подносливо. Меѓутоа, зависи и од големината на неговиот пенис.
Дали очекува да сте депилирани и околу аналната област?
Девојка А: Јас не мислам дека тоа е задолжително. Барем јас не бев. Меѓутоа, ако така би се чувствувале попријатно, зошто да не?
Девојка Б: Не, тоа секако не е задолжително. Мислам дека на ниеден маж кој сака анален секс тоа не му е толку важно.
После колку време во врска мислите дека е во ред да имате анален секс?
Девојка А: Ние бевме заедно 7 месеци пред да се одлучиме за анален секс. Меѓутоа, познавам и девојки кои тоа го направиле веднаш. Тоа се истите оние кои обожуваат анален секс.
Девојка Б: Хмм, според моето искуство, ако навистина си се допаѓате еден на друг и го сакате тоа, не гледам зошто би чекале.
Колку лубрикант е потребно?
Девојка А: Навистина многу! Воопшто е незамисливо без лубрикант.
Девојка Б: Многу лубрикант, каков и да е.
Дали крваревте?
Девојка А: Јас не крварев иако тоа ми делува како мошне можна ситуација. Особено ако сексот е груб и ако не се користи лубрикант.
Девојка Б: Не, колку што се сеќавам.
Кондомот е задолжителен, нели?
Девојка А: Секако!
Девојка Б: Ништо без кондом!
Дали некогаш сте доживеале оргазам само од анален секс?
Девојка А: Јас не сум доживеала, иако сум слушнала дека е можно.
Девојка Б: Не, но не сум доживеала ни исклучиво врз основа на вагинална пенетрација.