Делови од соседна Србија се завеани во во снег и сообраќајот е доста отежнат. Снегот кој паѓал до синоќе на Јавор ги завеал регионалните патишта од Ивањица и Сјеница па така сообраќајот преку планините е доста отежнат.
Делницата воглавно ја поминуваат само теренски возила, со оглед на тоа дека на патот има околу десет сантиметри снег.
Снег имало и на регионалниот пат од Чачак, но проодностна на тие делови е многу подобро, земајќи во предвид дека таму има помалку снег.