Денеска беше одложено судењето за случајот „Тврдина 2“. Обвинителката Ленче Ристоска рече дека тие успеале да добијат решение за декласификација на голем дел од доказите.
„Успеавме да добиеме решение за декласификација на голем дел од доказите, на наредното рочиште ќе видиме што ќе се случува“, рече Ристоска.
Ристоска во судницата нагласи дека МВР донело решенија за декласификација на најголемиот број на доказите, а единствено останале класифицирани деловодните книги.
Според неа, УБК одбива да ја прими поштата од Специјалното јавно обвинителство, по што сите дописи се доставуваат преку министерот Агим Нухиу.