fbpx
5.8 C
Skopje

Кабинетот на Иванов: Пречките за определување мандат не се отстранети

АКТУЕЛНО

Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов денеска одговори на повиците на СДСМ за доделување на мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Претседателот Иванов останува на ставот изнесен во обраќањето до граѓаните на Република Македонија на 1 март 2017 година. Пречките за определување мандат за состав на влада се уште не се отстранети“, се вели во ставот од Кабинетот на претседателот на Република Македонија.

Во обраќањето на 1 март, Иванов од лидерот на СДСМ Зоран Заев побара јавно и јасно да ја отфрли и осуди тиранската платформа, со која, според него, се доведуваат во прашање темелните државни интереси на Република Македонија и нејзините граѓани.

„Сè додека сум претседател на Република Македонија, нема да дадам мандат ниту на човек, ниту на партија што се залага или во својата програма има платформа за рушење на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија. Бидејќи длабоко верувам дека ова се темелни вредности со кои никој нема право да тргува. И не мислам да отстапам од нив“, изјави Иванов на 1 март.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -