fbpx
11.8 C
Skopje

СЈО: Во законскиот рок од 24 часа ќе одговориме на жалбата на одбраната на Кочан

АКТУЕЛНО

Денес од Специјалното јавно обвинителство соопштија беше доставена жалбата од одбраната против решението за определување мерка притвор за едно осомничено лице во случајот „Труст“. Од таму велат дека во законскиот рок од 24 часа ќе биде поднесен одговор на жалба.

„Денес до ова Јавно обвинителство беше доставена жалбата изјавена од одбраната против решението за определување мерка притвор за едно осомничено лице во случајот „Труст“. Ве известуваме дека во законскиот рок од 24 часа ќе биде поднесен одговор на жалба“, се вели во кусото соопштение на СЈО.

Денеска, адвокатот на Кочан, Никола Додевски изјави дека тие доставиле барање за укинување на притворот на Сеад Кочан.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -