6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

14 години од убиството на првиот демократски избран премиер во Србија, Зоран Ѓинѓиќ

Првиот демократски избран премиер и лидер на демократската партија Зоран Ѓинѓиќ е убиен пред 14 години, на влезот во зградата на Владата на Република Србија.

Зоран Ѓинѓиќ е убиен на 12 март 2003 година околу 12:25 часот, а владата на Србија неколку часа после неговото убиство прогласи вонредна состојба.

Како извршители на убиството веднаш осомничени беа припадниците на земунскиот клан. Тоа го потврдило и фактот што истиот тој ден, како што владата подоцна соопшти, било планирано апсење на неколку припадници на таа криминална структура.

За време на вонредната состојба која траеше до 22 април, во полициска акција уапсени се 11. 665 личности меѓу кои и партиски функционери, високи војни офицери, правници и естрадни уметници, а некои од нив определен период го поминаа во притвор.

Како организатори на убиството на тогашниот премиер уапсени се Ѕвездан Јовановиќ, Милорад Улемек Легија и други бројни припадници на земунскиот клан.

Во август 2003 година е поднесено обвинение против 44 лица за учевство во организирањето на убиството, а судењето почнало на 22 декември 2003 година во Белград. На 23. мај 2007. година се прогласени за виновни и осудени на вкупно 378 години затвор.

поврзани објави

Последни објави