Средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со германската канцеларка Ангела Меркел, која требаше да се одржи утре, се одложува за Петок поради зимската бура, соопшти Белата куќа.
„Претседателот разговараше со германската канцеларка, двајцата се согласија да ја одложат средбата поради лошите временски услови и таа да биде на 17 март“, известија од Белата куќа.