23.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

МНР со осуда за навредливите изјави на пратеничката во албанскиот парламент

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги осудува јавните настапи со навредлива и запаллива реторика на официјални лица на Република Албанија кои се однесуваат на Република Македонија, се вели во реакцијата на македонското МНР на изјавата на пратеничката во албанскиот Парламент Месила Дода.

„Неодговорните изјави на јавни личности кои по својата функција налагаат и подразбираат одговорност за јавно искажаниот став не се во духот на добрососедските односи и декларираните заложби за пријателство и соработка меѓу двете земји и особено не во духот на европските вредности.

Далеку покоректно би било доколку нивната енергија би ја насочиле кон конструктиувни предлози и иницијативи со што би ја зајакнале соработката и довербата меѓу двете земји, би го подобриле стандардот на граѓаните, но и би ја забрзале европската интеграција“, се вели во реакцијата.

Остануваме уверени, се додава во неа, дека пратеничката функција подразбира голема чест, но и највисока одговорност.

поврзани објави

Последни објави