fbpx
5.8 C
Skopje

Албанскиот јазик започна со примена во ФФМ!

АКТУЕЛНО

Во Фудбалската Федерација на Македонија почна да се применува албанскиот јазик, односно да се почитува веќе донесената одлука на генералното изборно Собрание на ФФМ на кое што покрај македонскиот, во статутот на ФФМ, како официјален јазик беше изгласан и ставен албанскиот јазик.

Денес беше испратена покана за прес-конференција која ќе се оддржи утре, а на која ќе се појави селекторот на У-21 репрезентацијата на Македонија, Благоја Милиевски. Истата покрај на македонски јазик, како што беше во случај до сега, беше упатена и на албански јазик.

„Почитувани, Во прилог поканата за утрешната прес – конференција по повод објавувањето на списокот на повикани фудбалери за контролните натпревари на репрезентацијата на Македонија до 21 година против Црна Гора (24. март 2017) и Бугарија (28 март 2017). Прес-конференција: 14. март (вторник), 12:00 часот, прес центар „Куќа на фудбалот“ Поздрав, Фатон Зулбехари

Të nderuar, Në lidhëse keni ftesën për press konferenën e nesërme në të cilën do të publikohet lista e futbollistëve të ftuar për ndeshjet kontrolluese të përfaqësueses U 21 të Maqedonisë për ndeshjet kontrolluese me Malin e Zi (24 mars) dhe Bullgarinë (28 mars). Press konferencë: 14 mars (e martë), ora 12:00, press qendra “Shtëpia e futbollit” Të fala, Faton Zylbehari“, стои во дописот од ФФМ.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -