7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ВИДЕО: Каде оди македонското општеството? Свирежи за професорка бидејќи не ги пуштила на протест

Драматичните ситуации во прилепската гимназија „Мирче Ацев“ не стивнуваат, напротив секој ден може да се види некој нов испад, дали тоа било од директори, професори, родители или пак ученици.

Последно во серијата е начинот на кој учениците ја пречекаа својата професорка која не им дозволила да одат на протест за време на редовната настава.

Свирежи и „Проклети да се предавниците“ беше она што најлесно може да се забележи. Дали еден професор заслужил ваков третман од самите ученици проценете сами.

Она што загрижува е начинот на кој се развива општеството во Македонија. Од тој 11 декември работите наместо да тргнат конечно кон решавање на политичката криза, уште повеќе е влошено и се поставува прашањето – каде е крајот?!

поврзани објави

Последни објави