6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Москва може да преземе дополнителни мерки поради бродовите на НАТО во Црно Море

Првиот заменик-претседател на комисијата за одбрана и безбедност на Советот на федерацијата, Франц Клинцевич истакна дека новото впловување на бродот на НАТО во Црно Море е провокација во односите меѓу Алијансата и Русија. и при следно впловување на воен брод на пактот во Црно Море, Москва може да преземе дополнителни мерки за реакција.

„Тоа не е прв воен брод на НАТО. кој впловува со Црно Море и ние знаеме што се прави во такви случаи. Движењето на фрегатата се следи“, посочи Клинцевич.

Француска фрегата „Лафајет“ синоќа вплови во Црно Море на пат кон Романија.

Амбасадата на Франција во Романија соопшти дека фрегатата од 24 до 27 март ќе биде во пристаништето Костанца и ќе учествува во воената вежба на романската морнарица.

поврзани објави

Последни објави