Најмалку 67 лица загинаа, поради поплавите и лизгањето на земјиштето по обилните врнежи кои го погодија Перу.
Ваквата природна катастрофа не се случила уште од 1998 година во овој регион, истакнал и претседателот на Перу, Педро Пабло Кучински.
Досега од поплавите се уништени најмалку 115.000 куќи, над 120 мостови, а огромен број на луѓе чекаат помош на крововите од своите куќи.
Дел од видео записите кои пристигнуваат во светските медиуми се застрашувачки.
https://youtu.be/9yC9Hvdw9Zo