fbpx
8.8 C
Skopje

ВМРО ДПМНЕ: Направивме најголем инвестициски циклус во историјата на македонското здравство

АКТУЕЛНО

ВМРО ДПМНЕ со реакција на пресот на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, во кој истиот обвини за лага и манипулација од страна на Никола Груевски и Тодоров, кои според него ветиле нов Клинички центар во Скопје, а она што го добиле граѓаните во реалноста се тарабите и партискиот дворец на ВМРО ДПМНЕ, за кои што како што вели се потрошени над 30 милиони евра.

„СДСМ веќе десет години фрустрацијата што не е на власт, ја лечи со срамни обиди за дискредитирање на капиталните проекти кои Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ ги реализира“, реагираат од партијата на ВМРО ДПМНЕ.

„Залудно се обидува СДСМ да фрли дамка на здравствениот систем во кој се спроведува најголемиот инвестициски циклус во историјата на македонското здравство. Околу 110 милиони евра изнесува инвестицијата за градби и реконструкции на јавни здравствени установи низ државата кои се веќе комплетно завршени или се во тек. Изградивме нова детска болница во Козле, според врвните светски стандарди за лекување и третман на најмладите пациенти. Изградивме комплетно нов објект за ПЕТ – Центарот – најсложен здравствен објект изграден во историјата на Република Македонија, за кој е обезбедена и најсовремена опрема. Реновиравме и реконструиравме бројни болници и здравствени домови низ државата“, се истакнува во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Ако појдете во Штип, ќе се уверите дека интензивно се одвиваат градежните работи за изградба на нова клиничка болница – инвестиција вредна околу 56 милиони евра, вклучувајќи ја и инвестицијата за нова опрема, проектирање и други инфраструктурни зафати, со кои штипската болница ќе прерасне во најсовремена болница во поширокиот регион.

Во македонското здравство се инвестирани над 115 милиони евра за набавка на нова, најсовремена медицинска опрема со која сериозно го подигнавме квалитетот на здравствените услуги. За првпат отворивме и успешно функционираат државна и детска кардиохирургија, интервентна кардиологија.

„Ова е реалната слика за македонскиот здравствен систем, наспроти лажната слика која СДСМ се обидува да ја креира низ личните фрустрации, неуспеси и ниту еден реализиран проект во било кој сегмент од здравството“, реагираат од ВМРО ДПМНЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -