23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Шилегов: Ние ќе изградиме нов клинички центар, Груевски и Тодоров си изградија партиски дворец

Партискиот портпарол на СДСМ, Петре Шилегов, во име на Социјалдемократскиот Сојуз на Република Македонија, и од негово лично име, посака среќна нова 2017 година.

Посакувајќи многу здравје во Новата 2017 година, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов најави изградба на нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар за потребите на сите граѓани во Македонија.

„Овие тараби позади мене кои сведочат за криминалните политики на досегашната власт ќе бидат минато, исто како што е минато нивниот носител Никола Груевски“, рече Шилегов.

„Груевски заедно со Никола Тодоров, токму на овој ден, на 2 јануари 2014 година се шеташе покрај овие поставени тараби во Клиничкиот центар во Скопје и ви вети нов Клинички центар во Скопје до 2 јануари 2017 година.

Денеска е 2 јануари, 2017. Реалноста, како што гледате, се само тарабите“, рече Шилегов
Истовремено, тој ги потсети граѓаните за како што вели „никнување на друг грамаден објект, партискиот дворец на ВМРО ДПМНЕ за којшто отидоа, според некои проценки, над 30 милиони евра“
„Затоа избравте промени. Од оваа 2017 почнуваме да го создаваме животот што го избравме“, рече Шилегов.

поврзани објави

Последни објави