Два одделни инциденти имало синоќа околу Белата куќа во Вашингтон, соопштија денес од Американската тајна служба.
Тајната служба откри дека непознат возач бил приведен откако со возило се приближил до пунктот, а извори од Си-Ен-Ен тврдат дека возачот извикувал дека има бомба.
Само неколку часови претходно, Џонатан Тран (26) ја поминал препреката во тампон зоната кај Белата куќа каде се останал 15 минути на претседателската резиденција по што веднаш бил уапсен. Кај него се пронајдени два канистери со солзавец.
Додека сето ова се случува, претседателот на САД Донлад Трамп се наоѓа на Флорида.