3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Германскиот амбасадор повикан во турското МНР поради демонстрациите на Курдите во Франкфурт

Германскиот амбасадор во Турција бил повикан во турското МНР во врска со митинг на поддржувачи на Курдската работничка партија во Германија, изјави денеска Ибрахим Калан, портпарол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Калан прецизира дека претставници на турското МНР му укажале на германскиот амбсадор дека силно ги осудуваат германските власти поради одлуката да им дозволат митинг во Франкфурт на поддржувачи на ПКК. Околу девет илјади Курди протестираа вчера во Франкфурт против Ердоган и против референдумот во Турција за зголемување на овластувањата на претседателот.

поврзани објави

Последни објави