Медицински сестри од земји на Европската унија, масовно ја напуштаат Британија, покажуваат последните статистички податоци.
Ова им дава повод на критичарите на Меј да го предупредат премиерот дека ја продлабочува кризата во здравството.
Вознемирувачките податоци доведоа до апели да се реализира шема наречена „здравствен пасош“ која нуди сигурност на 59 000 работници во здравството од ЕУ, како и барање до Владата веднаш да ги врати стипендиите за медицинските сестри, кои беа прекинати минатата година.
2 700 европски медицински сестри поднесоа оставки во 2016 година, а од здравствениот систем во целина напуштија 6 500 вработени, кои се граѓани на
Кралскиот колеџ за медицинска услуга забележува загрижувачки тренд на пад на нови медицински сестри од ЕУ. Според податоците на колеџот 24 000 позиции за медицински сестри и болничари/ки продолжуваат да се празнат.
Норман Ламб од Либералдемократската партија, изјави дека не може да има тврд Брегзит и силно здравство. „Овие луѓе спасуваат животи, а Владата на конзервативците целосно ги игнорира“, додава тој.