8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Јункер: Враќањето на смртната казна во Турција ќе значи крај на преговорите со ЕУ

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер истакна дека ако Анкара ја врати смртната пресуда, тоа ќе биде сериозна пречка за државата да стане членка на Европската унија.

„Ако смртната пресуда биде воведена одново во Турција, тоа ќе значи и крај за преговорите на државата“, изјави Јункер за Билд, зборувајќи притоа за „црвената линија“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа изјави дека очекува парламентот да одобри враќање на смртната казна по референдумот во април за проширување на овластувањта на претседателот. Тоа беше првпат Ердоган да го повика парламентот да одобри враќање на смртната казна.

Од друга страна Јункер порача дека таков потег би бил на штета за Турците.

„Членството на Турција ќе биде невозможно ако случајот е таков, но не поради Европејците туку поради недостигот од желба кај Турците да воведат европски стандарди“, додаде Јункер.

поврзани објави

Последни објави