Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо не ја сокри лутината откако тренерот Зинедин Зидан се одлучи да го извади од игра во 79. минута од средбата против Атлетик Билбао.
Шпанските медиумите веќе направија и план како течел разговорот помеѓу Роналдо и Зидан. „Por que a mi? Foda se!“ што во превод би значело: „Зошто јас? Откачи се!“
Роналдо на оваа средба беше двоен стрелец за „кралевите“, најпрво за Бензема за 0:1, а потоа и за 1:2 на Касемиро. Сепак, Зидан се одлучи да го извади од игра во последните десетина минути.
На прес-конференцијата Зидан порача дека Роналдо тешко би можел да ги игра сите натпревари, па подобро ќе биде да се навикне дека понекогаш ќе мора да го напушти теренот и да им отстапи место на помладите.
При измената, двајцата само формално се поздравија.
https://youtu.be/jZDlTB3wPOM