6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ТЕМПИРАНА БОМБА ЗА ЖЕЛУДНИКОТ: Што се случува со вашето тело кога пиете кафе на празен стомак

Сите знаеме дека пиењето кафе на празен желудни е штетно, но многу малку од нас знаат зошто таа навика навистина е штетна.

Кафе на празен желудник не смее да се пие никогаш, ниту во текот на утрото, ниту во текот на денот, а вашиот оброк никогаш не смее да биде заменет со шолја кафе.

Еве што се случува со вашето тело кога пиете кафе на празен желудник.

Се зголемува количината на желудочната киселина, при што предизвикува ждригање и проблеми со желудникот во текот на целиот ден. Високото ниво на киселина може да доведе до сериозни проблеми со абдоменот, како чир на желудникот.

Се зголемува чувството на стрес и потешкотии.

Пиењето поголеми количини на кафе може да го зголеми чувството на тешкотии и стрес, а кога кафе пиете на празен желудник, тој проблем може само да добие поголеми размери. Од друга страна, храната, овошјето и зеленчукот влијаат позитивно на нашиот организам, затоа е препорачливо ако често пиете кафе во текот на денот, истовремено да примате и храна.

Главната причина поради која кафето го зголемува стресот е хормонската нерамнотежа за која главен виновник е токму кофеинот. Истражувањата покажале дека кога ќе престанеме да пиеме кафе, ќе се чувствуваме расположени и ќе се чувствуваме подобро.

поврзани објави

Последни објави