Уставниот совет на Франција официјално ја верификува кандидатурата на единаесет кандидати за претседател на Франција, кои успеаја да ги добијат потребните 500 потписи.
Вкупно единаесет, еден повеќе во споредба со 2012 година, од нив две се жени и девет мажи, ако официјализирањето на кандидатурата на некои од нив беше очекувана, сепак меѓу нив има неколку изненадувања, како, Филип Путу (Новата антикапиталистичка партија) 573 потписи, Жак Шеминад (Солидарност и напредок), 528 Жан Ласал (Да пружиме отпор) 708 потписи.
За Натали Арто (Работничка борба) ова ќе бидат втори претседателски избори по тие во 2012, таа тогаш доби 0,56% од гласовите. Нејзината програма предвидува да се слушнат гласовите на работниците, 47 годишна професорка по економија таа сака да ја инкарнира „кандидатурата на една класа“ која „ќе им дозволи на работниците, на невработените, на екслпоатираните да ги брани нивните интереси, наспроти тие на работодавачите и акционерите кои заработуваат милиони и милиони“.
Франсоа Аселино ( Републикаснки народен сојуз) дипломиран на највисоките француски школи. На 59 години ќе се обиде да ја извади Франција од Европската Унија.
Жак Шеминад (Солидарност и Напредок) на 75 години е најстариот канидат на претседателските избори 2017, тој вели дека е кандидат „анти-систем“, исто и тој се залага за излегување од Европската Унија и враќање на фрнцускиот франк, тој ја брани идејата за колонизација на месечината и експлоатација на планетата Марс.
Никола Дипон Ењан (Франција Стоечки) на 57 години ќе се обиде да постигне подобар резултат отколку во 2012 година, кога освои 1,79% од гласовите, тој тврди дека е следбеник на генералот Де Гол и си прави пат меѓу Марин Ле Пен и Фијон.
Франсоа Фијон (Републиканци), поранешниот 65-годишен премиер сите го гледаа како иден претседател на Франција, но по аферите со фиктивни вработувања и платените костуми од свои пријатели, неговите шанси драстично се намалија. Тој се залага за намлување на бројот на вработените во јавната администрација (функцинери) за 500.000, измена на законот за работа и реформа на Здравственото осигурување.
Беноа Амон (социјалисти) е еден од канидатите-изненадувања на овие избори, бидејќи никој не очекуваше дека тој ќе ги претставува социјалистите. Тој се залага за поинаква организација на работното време.
Жан Ласал (Да приужиме отпор) е искусен политичар, кој и е познат на француската јавност со неговите необични подвизи, во 2006 година против делокализација на една фабрика на Тојал, тој штрајкуваше со глад 39 дена. Во 2013 година помина 6000 километри пешки низ Франција за да се „сретне со Французите“ . „Не мислев дека луѓето не ги сакаат толку многу политичарите“ – изјави тој понеговото патешествие низ Франција.
Марин Ле Пен (Националниот Фронт) е фаворитката за првиот круг на претседателските избори. Во 2012 доби 17,2% од гласовите, сега и се најавуваат над 25% и сигурно учество во вториот круг. Нејзината политика е отворено антиевропска.
Емануел Макрон (Во движење), ни лево ни десно, без никакво искуство, бидејќи ова се негови први избори на сите нивоа. Кандидат „антисистем“, иако се школувал во најпрестижните француски школи, бил банкар, потоа генерален секретар на Елисејската палата и министер за економија,ја има поддршката како на делови од десницата, така и од левицата кои не се препознаваат во ликот на Фијон и Амон.
Жан-Лук Меланшон (Непокорна Франција), кандидат на новиот глас на левицата, поранешен министер за Митеран и Жоспан, исто така доста критичен кон Европската Унија, годинава има за разлика од 2012 програма со многу поголем еколошки карактер.
Филип Путу (Нова антикапиталистичка партија) ќе се обиде да постигне подобар резултат отколку во 2012 година кога освои 1,15% од гласовите. Механичар во фабриката на Форд во Бланкфорт, овој синдикалист е во директна конкуренција со Меланшон, Арто и Амон.
Првиот круг од претседателските избори е на 23 април, двата најдобро пласирани кандидати ќе ги одмерат силите на 7 мај.