Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за Канал 5 изјави дека неговата партија работи на изготвување на политички документ за излез од политичката криза која не фаворизира никого, а ќе понуди и начин за излез од кризата.
Според Груевски, доколку овој документ биде прифатен, истиот ќе гарантира излез од кризата и зачувување на унитарниот карактер на државата.
Тој нагласи дека неговата партија ќе очекува од евркомесарот Јоханес Хан да ја осуди платформата од Тирана, да го осуди мешањето на други држави во внатрешните работи на Македонија, како и да се остане на принципот кој, како што рече Груевски, беше наметнат од ЕУ, а тоа е победникот кај македонскиот да коалицира со победникот кај албанскиот блок.
„Ние понудивме две решенија, прво брзи парламентарни избори заедно со локалните избори и нема да се потрошат и други пари, на една од анкетите кои што ги направивме над 70.000 граѓани ценат дека треба да се оди на други предвремени избори, а само 12 проценти се искажале дека не сакаат нови избори“, вели во гостувањето во дневникот на Канал 5 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
„Втората понуда е доколку Заев го донесат албанските позиции на функција, ние му нудиме 51 пратеник да гласаат за да тој биде премиер, сите министи да бидат од СДСМ и да има малцинска влада. Малцинска влада е поддржување на владата од сите малцинства, иако таа малцинска влада нема да донесе ништо добро за нашата земја сепак ќе се спречи бинационалноста, откажување на Тиранската платформа, а ние се уште сме отворени за тоа да му ја дадеме целосната власт на Зоран Заев, само нека ја остави нашата земја Македонија“, изјави Груевски.