6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Метју Нимиц: Македонија е доведена во висок ризик и опасност која ќе влијае на безбедноста

Медијаторот во грчко – македонскиот спор за името Метју Нимиџ за Програмата Гласот на народот на Радио Слободна Македонија

„Загрижен сум за ситуацијата во Македонија. Тоа што можам да го истакнам во овој момент е дека состојбата во државата е доведена во висок ризик и опасност со што ќе влијае врз безбедноста и стабилноста на Македонија“, вели Нимиц.

Нимиц се надева дека ваквата состојба ќе биде решена и надмината по мирен и демократски пат во рамките на Уставот на Република Македонија.

„Не би можел да дадам други оценки, бидејќи сум фокусиран исклучиво за прашањето околу името, но уште еднаш ќе ја изразам мојата голема загриженост за мирот и стабилноста во Македонија. Се надевам дека политичарите и народот ќе се справат со сите проблеми кои се појавија во државата“, истакнува Метју Нимиц за Програмата Гласот на народот.

поврзани објави

Последни објави