6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

Трамп најави значително намалување на даноците

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги намали значително даноците наспроти профитот на компаниите.

Ќе ја намалиме даночната стапка за компаниите од 35-38 % до 15-20 %, рече Трамп во интервју. Трамп додаде дека ова ќе биде најголемото намалување на даноците од времето на Реган.

Трамп и претходно ветуваше даночни реформи, иако не соопштуваше конкретни податоци.

Според републиканците намалувањето на даноците ќе го намали притисокот врз бизнисот и ќе даде можност  да се создадат нови работни места, а загубите ќе бидат компензирани за сметка на зголемување на даночната основа. Според демократите намалувањето на даноците ќе ги скрати доходите на буџетот и ќе го зголеми дефицитот и долгот.

поврзани објави

Последни објави