8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Совети за удобно бричење

Бричење е редовен утрински ритуал за многу мажи. Оваа навика на бричење на лицето може да биде во исто време многу пријатно, но за жал, ако не водат доволно сметка и беше навистина непријатен.

Познатиот Њујоркшки бербер Адам Брејди во интервју за магазинот FashionBeans ги откри најчестите грешки што луѓето ги прават кога се бричат и како да ги поправат.

Несоодветна подготовка

Една од најчестите причини за иритација на кожата е кога вашето лице е премногу круто и грубо. Млаз ладна вода не е доволен за да го ублажи лицето, туку е потребна поголема подготовка со цел да се ублажи коренот на влакната. Познат берберски трик е топла крпа ставена на лицето пред бричење како најдобро решение за мажите со густа брада.

Не користите соодветна опрема

Во денешно време се користат жилети со најмалку три или пет ножеви, што секако бричењето  го прави полесно. Но, проблемот лежи во фактот дека ако несоодветно се  одржува жилетот односно се задржуваат  влакната помеѓу остриците, па бричењето станува многу непријатно.

Просечната инстант пена за бричење која мажите најчесто ја користат поради својот состав и не е баш најидеално решение. Брејди советува избегнување на производи кои содржат сулфати, акохол и конзерванси.

Не користете aftershave – лосион после бричење

Кога завршите со бричење вашата кожа станува уште по сува, па користењето на лосион после бричење се смета за задолжителна постапка. Лосион за бричење со ефект за ладење на самата кожа е вистинската работа за вас, бидејќи адекватно ќе ја хидрира кожата и ќе ги ублажи ефектите од самото бричење.

поврзани објави

Последни објави