fbpx
21.8 C
Skopje

Претседателот на Туркменистан ја положи заклетва и го започна својот трети мандат

АКТУЕЛНО

Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов, кој го освои третиот мандат со 98% од гласовите, денеска положи заклетва.

На полагањето на заклетвата во раскошната палата во центарот на Ашхабад присуствуваа 2500 луѓе вклучувајќи голем број политичари, владини службеници, странски дипломати, како и осум ривали од изборите.

„ Народот ми додели голема доверба кога ме избраа“, истакна 59-годишниот Бердимухамедов кого присутните го поздравија со бурен аплауз.

На изборите во Туркменистан излегле 97% од гласачите.

Бердимухамедов по образование е забар, зад себе има два мандати од по пет години, а сега ќе владее седум години благодарејќи на новиот устав. Тој го наследи истотака авторитетниот претседател Сапамурат Нијазов.

Туркменистан се смета за најмалку демократска држава помеѓу поранешните советски републики.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -