24.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

СДСМ: Благодарност до САД и ЕУ за поддршката на стратешките интереси на Република Македонија

Социјалдемократскиот сојуз преку соопштение изразува благодарност до САД и до ЕУ за поддршката на стратешките интереси на Република Македонија.

„Јасно изразената поддршка од САД на демократските процеси во Македонија и на евро-атлантските интеграции на земјата е од огромно значење за граѓаните на Република Македонија и за просперитетна иднина на државата.

Демократските реформи, владеење на правото, целосно имлеметирање на Договорот од Пржино, интеграции во НАТО и ЕУ, што Стејт департментот ги посочи како важни за нашата држава, се волја и на мнозинството граѓани на Македонија, јасно изразена на парламентарните избори во земјава.

Овие пораки што доаѓаат од САД и од Европската унија покажуваат со колкава одговорност се соочуваат политичките субјекти во Македонија во овој период кога се носат клучните одлуки за иднината на државата и за форматот и приоритетите на идната Влада, бидејки се одредници во кој правец ќе продолжи да се движи Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -