fbpx
-1 C
Skopje

СДСМ Дебрца: Трајкоски продолжи да ја задолжува општина Дебрца

АКТУЕЛНО

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: OД ДЕНЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПРАВАТА ОД ДЕТСКАТА, ЦИВИЛНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: OД ДЕНЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПРАВАТА ОД ДЕТСКАТА, ЦИВИЛНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА Министерството за труд и социјална политика информира...

НАЈНОВО: TOЛКУ ОД УБАВОТО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА – СЛЕДУВА ГОЛЕМА ПPOМЕНА ОД УТРЕ

Утре во текот на денот облачноста ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Во сабота поради продор...

Рускиот астролог Василиса Володина открива: 3 хороскопски знаци кои ги чека парична добивка во март

Очигледно дека благосостојбата ги чека овие три знаци од Зодијакот оваа пролет. Проверете за што станува збор. Рускиот астролог Василиса Володина вели: 1. Можеби мислите дека...

Спасовски се огласи за ТиkТоk: Aпелирам за внимателно користење на социјалните мрежи

Апелирам за внимателно користење на социјалните мрежи. МВР од страна на Интерпол доби информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија...

„Откако ја задолжи општината Дебрца со кредит за изградба на рурална инфраструктура Трајкоски продолжува со задолжувањата на општината. Имено, во вчерашната изјава за медиумите тој се пофали дека општината набавила ново возило за собирање на комунален отпад, а притоа свесно избегна да соопшти дека истото е набавено со ново задолжување на општината , во износ од 4.010.820,00 денари или 65.000 евра.

Неговото однесување е во стилот на францускиот апсолутистички крал, Луј XV, познат по неговата изрека “ после мене потоп”.

Затоа, бараме Трајкоски да даде одговор на повеќе неодговорени прашања, како што се: Во кој дел од неговата Изборната програма стои дека планира да ја задолжува општината ? Зошто планира да ја оптовари општината со долгови кои ќе паднат на товар на идните локални власти ? Дали заборави дека општината од претходната локална власт му беше предадена со полна каса и без ниту денар долг ? Дали општината има финансиски капацитети да ги враќа кредитите, ако се знае дека е со лимитирани финансиски перформанси и има проблеми со сервисирањето на тековните обврски? Колку воопшто изнесуваат долговите на општината ?

Исто така, во изјавата Трајкоски истакнува дека новото возило се набавува заради замена на старото и дотраено возило. Принципиелно се поставува прашањето, ако возилото произведено 1998/99 година е старо и дотраено, тогаш каква е механизацијата, односно камионот и ровокопачот, произведени 1983/84 година и чија пазарна вредност изнесува од по 5000 -6000 евра, а кои општината, на сомнителен тендер ги набави за енормно високи цени од по 20.000 евра или вкупно 40.000 евра!?

Не сме против проекти што значат подобрување на руралната инфраструктура и квалитетот на комуналните услуги, меѓутоа сметаме дека за вакви проекти потребно е да се преферираат други извори на финансирање, пред се грантови од домашни или меѓународни фондови или истите да се финансираат со средства од буџетот на општината. За да се обезбедат средства од буџетот на општината доволно е да се намалат непродуктивните буџетски трошења, како што се : трошоците за репрезентација, службени патувања, за весници и списанија, службени телефони и гориво, трошоците за изгубени судски постапки и други неоправдани трошења.

За среќа, во мај, по локалните избори ќе му ставиме крај на ваквото несовесно и расипничко практикување на локалната власт. Ќе обезбедиме добро, одговорно и домаќинско управување со општинските надлежности и ресурси“, се вели во соопштението на СДСМ Дебрца.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Нов Зеланд се тресе како вејка на ветрот: Трет силен земјотрес. Издадено предупредување за цунами

Трет силен земјотрес го погоди Нов Зеланд за само неколку часа. Магнитудата овој пат беше 8,1 степен, што е најсилна од трите земјотреси. Можни се...

Доктор Николов го повика Филипче на ТВ Дуел: Министре излезете со мене на дебата наместо да се самофалите

Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов, го повикува министерот за здаравство, Венко Филипче, на дебата на која би дискутирале за актуелните...

Ако не сакате да одите во теретана, а да изгледате згодни, ова е решение за вас (Видео)

Дечкото одлучил дека не му се исплати да оди во теретана кога Алиекспрес има достава до дома, пишуваат нашите колеги од Мотика.мк во description...

Стојан за Нимет: Е тоа е соживот, ниту го знам ниту го познавам, но ме контактираше на фб за да ми помогне

Некои гестови и постапки заслужуваат јавна благодарност. Денес во Скопје брзајќи да стигнам на работен состанок ја изгубив возачката дозвола. Еден час подоцна добив...

Дали сте знаеле дека во македонската азбука има две зборчиња? Погледнете!

Македонската азбука ја учиме уште во предучилишна возраст, а потоа истата ја користиме целиот живот. Но, ретко кој забележал дека во нашата азбука се кријат...
- Advertisement -