fbpx
21.8 C
Skopje

СЕХА лигата има нов владетел: Вардар шампион!

АКТУЕЛНО

Македонскиот шампион Вардар е нов владетел и освојувач на СЕХА-лигата, откако „црвено-црните“ во финалето го прегазија унгарски Веспрем со 26:21.

Избраниците на Раул Гонзалез во текот на целиот натпревар имаа позитива и на крајот заслужено дојдоа до победа, иако на полувреме беше нерешено 11:11.

Најефикасни во редовите на Вардар беа Дибиров и Кањелас со 5 погодоци, Душебаев и Македа имаа пак по 5 асистенции. На голот маестрален беше Штербик со 12 одбрани. Кај Веспрем најефикасен беше Илиќ со 5 погодоци.

Ова беше петто финале и трет трофеј за македонскиот шампион, кој стана и најсупешен тим со најмногу освоени трофеи. Веспрем остана на два.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -