fbpx
19 C
Skopje

Шест млади македонски писатели на средба со читатели во Бугарија

АКТУЕЛНО

Младите македонски автори Фросина Пармаковска, Вера Калин, Живко Грозданоски, Михајло Свидерски, Давор Стојановски и Петар Андоновски вечер во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија ќе имаат средба со свои читатели во Бугарија, откако нивни романи беа објавени минатата и оваа година.

„Со нивниот неспорен талент и дарба за пишување, современата македонска литература доживува вистински бум, како во Македонија, така и надвор од нејзините граници. Нивните книги се читани и преведувани. Деновиве излезе од печат и романот „Годишни времиња” од Јулијана Величковска, наскоро претстои издавање и на други двајца автори од младата генерација писатели, Ненад Јолдески и Игор Станојоски“, соопшти КИЦ на Република Македонија во Софија.

Авторите што ќе бидат претставени веќе имаат неколку објавени дела, а во ова пригода во фокусот се романите кои им се преведени на бугарски јазик: „Вишновата хроника” на Пармаковска, „Безимената месечева соната” на Стојановски, „Очи со боја на чевли” на Петар Андоновски, „Куфер за тројца“ на Гроздановски, „Бездомникот со златен часовник“ на Вера Калин и „Бело и црвено“ на Свидерски.

На книжевната вечер со младите македонски автори ќе се обратат книгоиздателот Пламен Тотев, преведувачот Тања Попова и директорот на македонскиот КИЦ во Софија, Васко Шутаров. Извадоци од романите на бугарски јазик ќе чита Ѓорги Георгиев-Антика.

Претставувањето на младите автори е иницирано од Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија и финансиски поддржано од Министерството за култура. КИЦ информира и дека во рамки на неговата годишна програма ќе бидат промовирани уште неколку изданија на наши автори во Бугарија, меѓу кои и дела на академиците Влада Урошевиќ и Луан Старова.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -