fbpx
21 C
Skopje

„Шпигл“: Илјадници талибански борци пристигнале во Германија со мигрантите

АКТУЕЛНО

Можно е илјадници поранешни талибански борци да пристигнале во Германија во текот на претходните две години, при миграциските бранови од милион мигранти и бегалци, објави денеска германскиот весник „Шпигл“.

Федералната канцеларија за миграција на Германија ги известила безбедносните претставници дека илјадници мигранти биле идентификувани како поранешни талибански бунтовници за време на процесот за добивање на азил, пишува весникот.

„Шпигл“ наведува дека најмалку 70 Авганистанци се под истрага, иако не е јасно дали било кој од нив е осомничен дека е активен талибански борец.

Шестмина се во притвор, а прелиминарните судски сослушувања ќе почнат следната недела.

Германската канцеларка Ангела Меркел, е критикувана поради тоа што дозволила толкав број на мигранти да влезат во земјата, и покрај тоа што минатата година на територијата беа извршени неколку терористички напади.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -