18.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Што сака членството?

Членството сака слобода, без закани и уцени ако не сака да се појави на состанок, протест, митинг итн.

Членството сака врхушката секогаш во сѐ да биде рамо до рамо со членството, и никогаш да не се оградува од нив.

Членството сака деизолирана партија.

Членството сака рамноправност, еднаквост и недискриминација на сите членови по национална, верска и друг вид определба, почитувајќи го трудот на активистите.

Членството сака прозападна ориентација, како и во минатото така и сега.

Членството сака демократизација и модернизација на ВМРО ДПМНЕ како предуслов за враќање на силата и кредибилитетот на партијата и за обединување на вмровците во ВМРО.

Членството сака ЛИДЕРСТВО, а не господарство.

Членството сака да се напушти системот личности да бидат наметнувани од “централата”.

Членството сака претседателите на МК и ОК да се бираат на тајни и неспоредни избори со што самите ќе го даваат легитимитетот и самите ќе го одземаат.
Тоа ќе овозможи личности кои уживаат најголема доверба кај членството да го водат МК и ОК.
Тоа ќе ги отвори портите секој член да има еднаква шанса да биде избран за секоја партиска функција.

#ЧЛЕНСТВОТО #САКА #РЕФОРМИ!

НЕМА НОВИ ПОБЕДИ ДОДЕКА НЕМА РЕФОРМИ!

Пишува: Петар Дељановски– поддржувач на реформите во ВМРО-ДПМНЕ

поврзани објави

     

Последни објави