fbpx
21.8 C
Skopje

Стивен Хокинг бара нов глас

АКТУЕЛНО

Еден од најголемите умови во историјата Стивен Хокинг одржа аудиција меѓу личности во потрага по “нов глас”.

Лиам Нисон, Симон Коен, Ребел Вилијамс, Еди Редмејн, Кајли Миног, Гордон Ремзи и дури…. Мис Пиги аплицирале за улогата со надеж дека токму нивниот глас ќе биде избран да го замени компјутеризираниот говорен синтетизатор на 75-годишниот научник.

Прв беше актерот Лијам Нисон, кој особено уверливо изјави: “Стивен. Избери ме мене, нужно обрати ми се мене. Чуј го гласот мој. Длабок е, секси е, и во него има дури …. флах на физика”.

Сето ова, природно, беше дел од хумористичен скеч со добротворна цел за “Комичар Релиф”. Видеото објавено во “Ју Туб” покажува токму како Стивен Хокинг ги гледа записите на сите гореспоменатите познати личности и ги коментира со познатиот хумор. А, конечно го прави и својот избор – еден од британските актери. Кој е тој сепак … останува мистерија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -