fbpx
20.8 C
Skopje

Тачи: Сакам Шпанија час поскоро да ја признае независноста на Косово

АКТУЕЛНО

Претседателот на Косово, Хашим Тачи побара од главната престолнина на Шпанија, Мадрид час поскоро да го признае Косово, наведувајќи дека Шпанија не е „Србија на Милошевиќ, ниту пак Косово е Каталонија“.

Тачи во интервју за шпанската новинарска агенција ЕФЕ, изјави дека признавањето на Косово нема да предизвика дополнителни националистички тензии во Шпанија.

„Нема паралели меѓу Косово, Каталонија или Баскија. Најпрво Шпанија не е Србија на Милошевиќ, Косово не е Каталонија или Баскија. Сакам да верувам дека Шпанија сака да ни го олесни животот. Ние сме две пријателски држави и делиме исти вредности“ изјави Тачи.

Шпанија е една од петте земји членки на Европската унија која се уште го нема признаено Косово како самостојна држава.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -