fbpx
21.8 C
Skopje

Црногорците велат вака: НАТО не само што ни донесе безбедност, туку и милиони

АКТУЕЛНО

Анализите покажуваат дека 15 месеци по зачленувањето на Црна Гора во НАТО  значително се зголемил бројот на странски инвестииции во земјата, особено од земјите членки на Алијансата. Од централната црногорска банка посочуваат дека бројите се дуплирани во однос на истиот период минатата година.

Според нивните податоци, во првите 6 месеци, вкупниот прилив на странскио инвестиции од земјите членки на НАТО изнесува 215, 2 милиони евра. За споредба, во истиот период лани приливот изнесувал : 96, 6 милиони евра.  Во Црна Гора пропорционално најмногу инвестирала Италија, 18 проценти од севкупниот  прилив на инвестиции, а потоа следат Унгарија , Турција и Белгија.

И  анализите од секторот на туризмот велат  дека членството и донесе бенефит на Црна Гора. Бројката на странски туристи од земјите членки на Алијансат по јануари до јуни годинава за 25 насто е зголема во однос на истиот лани.

Црна Гора стана полноправна членка на Нато на 5 јуни, 2017 –та година. Два дена подоцна нејзиното знаме и официјално се развеа пред седиштето на Алијансата во Брисел. На овој момент и претходеше жестока внатрешна дебата за тоа што ќе добие,  а што ќе изгуби земјата со влезот во Северноатлантскиот сојуз .

Целиот текст прочитајте го на Сител

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -