fbpx
21.8 C
Skopje

Турција отпушти над 9000 полицајци поради врски со Ѓулен

АКТУЕЛНО

Доцна синоќа во Турција се ослободени од должност околу 9103 полицајци за наводни врски со организацијата на Фетула Ѓулен (ФЕТО) . Според официјална Анкара, токму таа организација е одговорна за обидот за државен удар, извршен јули минатата година, јавуваат турските медиуми.
Претходно во текот на денот во земјата беа приведени над илјада осомничени следбеници на Ѓулен. Истовремено беше соопштено дека властите издале повеќе од три илјади заповеди за апсења. Затворањата се дел од специјализирана операција, спроведена на територијата на сите 81 провинции во земјата. Во неа беа активирани околу 8,5 илјади припадници на безбедносните сили.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -