fbpx
27.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Шиндре: Не одобрувам педофилија, колумната беше погрешно разбрана

АКТУЕЛНО

Авторот на контроверзната колумна „Сексуалноста над рационалноста“, Никола Шиндре, ексклузивно за Макфакс вели дека неговата колумна била погрешно разбрана, лошо интерпретирана и дека тој во ниту еден момент не оправдува ниту поддржува педофилија.

Тој изразува жалење за недоразбирањето помеѓу него и јавноста.

Им се извинувам на сите и изразувам жалење за сите оние кои ја прочитаа колумната а се почувствуваа навредени, загрозени или исплашени. Тоа не беше цел на мојата колумна. Изразувам разбирање до нив.

Шиндре вели дека цела недела е изолиран од јавноста и не излегува од дома поради тоа што и изложен на силни притисоци и закани од поединци, но и од политичари.

Никола останува на ставот дека е потребна сексуална едукција за децата и смета дека сите табу-теми треба да се отворат за јавноста за децата да не бидат злоупотребени од возрасните.

Замир Мехмети

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -